Рок за пријавување

Пријавете се

IWM Network, во партнерство со NarativAI и Thomson Media, објавува повик за избор на 12 локални медиуми од Северна Македонија кои ќе добијат бесплатна техничка помош, пристап до професионални ВИ-алатки и конкретни решенија за олеснување на секојдневната работа. Програмата е осмислена да им помогне на малите редакции да ја подобрат безбедноста на своите веб-страници, полесно да ги организираат секојдневните задачи, да допрат до поширока публика и да ја зајакнат својата одржливост.

Каква поддршка ќе добијат медиумите?

За разлика од класичните обуки, оваа програма е фокусирана на директни и практични решенија. Тоа значи дека експертите нема само да ви објаснуваат што треба да направите, туку директно ќе ви помогнат околу поставувањето, конфигурирањето и решавањето на техничките проблеми, за вие да се фокусирате на новинарството:

Кој може да се пријави?

Повикот е наменет за медиуми што работат во Северна Македонија и произведуваат оригинална новинарска содржина за локална или регионална публика:

Особено се охрабруваат да аплицираат редакции со мали тимови, од еден до пет члена, кои немаат посебен ИТ-кадар или кадар за дигитален развој и имаат ограничени технички и финансиски ресурси. Исто така, се охрабруваат пријави од медиуми раководени од жени, медиуми што објавуваат на јазиците на заедниците и медиуми што известуваат за рурални и недоволно опслужени средини.

Што се очекува од учесниците?

Избраните медиуми треба да покажат уредувачка независност, почитување на професионалните и етичките стандарди и подготвеност за активно учество во 12-месечниот процес на поддршка.

Секој медиум ќе треба:

Како ќе се врши изборот?

Пријавите ќе ги оценува комисија составена од медиумски експерти, според стандардизирани критериуми:

Како да се пријавите?

Пополнете го формуларот за пријавување најдоцна до 16-ти октомври, 2026.

Во пријавата се бара од вас да наведете:

Пријавете се

Бесплатна поддршка со целосна уредувачка независност

Сите услуги во рамки на проектот се бесплатни за избраните медиуми. Поддршката се обезбедува преку услуги, алатки, обуки и менторство, а не преку доделување директни парични грантови. По завршувањето на проектот, трошоците за евентуално продолжување на платените претплати ќе бидат одговорност на медиумот. Во завршната фаза учесниците ќе добијат поддршка за избор на достапни алтернативи. Отворените образовни ресурси (е-курсевите на платформата Journalism Now и материјалите на Journalift) ќе останат бесплатно достапни и понатаму.

За дополнителни информации и прашања пишете на:
[email protected]